Топло со температура до 39 степени, попладне разладување
Во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, а дневната од 32 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 39 степени.
Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Максималната температура ќе опадне на места и за повеќе од 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд