Македонија
10. October 2017 - 8:16

Топлите денови продолжуваат

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло. В среда ќе има зголемување на облачноста, особено во јужните делови од земјата.