-->
-->
Тони Цетински ослободен од вината - пејачот не е виновен за несреќата во која почина човек
-->
Ослободен од обвинението е хрватскиот пејач Тони Цетински, ова е одлуката која денеска беше донесена во судот во Пазин откако познатиот пејач беше обвинет дека предизвикал сообраќајна несреќа во која почина Ибрахим Кевљанин (62) од Ровињ, пишуваат хрватските медиуми.
Според објавите на хравтските портали, несреќата се случила на 3 ноември 2017 година во Ровињ. Цетински со својот автомобил, марка „мерцедес“ налетал на човек кој лежел на патот, го прегазил и сето тоа завршило со смртта на Кевљанин.
Двајца судски вештаци дадоа мислење на судењето и беше утврдено дека Тони не бил под дејство на алкохол или дрога во моментот на несреќата.
Речиси сите испитани сведоци потврдија дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна и непрегледна, особено завојот каде што се случила несреќата, дека во моментот на несреќата немало знак за ограничување на брзината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи