Македонија
28. February 2020 - 13:36

Томовски: Власта да одговори која фирма ќе го добие 19 милионскиот тендер во РEK Битола

СДСМ забрзано турка криминал од 19 милиони евра во РЕК Битола, со тендерот за набавка на помошна механизација.

Власта изврши низа законски прекршувања во постапката за јавна набавка за помошна механизација за потребите на РЕК Битола. Имено на 24.01.2020 година, на неполни 7 дена пред истекот на рокот за поднесување понуди, врши промена во тендерската документација, спротивно на закон и без продолжување на рокот за поднесување на понуди.

СДСМ го штелува и мести тендерот.

Очигледно е дека извршените промени се со цел учество на јавно надавање да се ограничи на однапред определен број на фирми.

Овој криминал во обид бил воочен од фирмите кои не се во шема со власта и истите го обжалиле процесот на јавна набавка до Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Заев и Ковачевски да одговорат:

  1. Која е фирмата за која се крои 19 милионски бонбона бизнис во ек на кампања!?
  2. Дали се брза да се додели тендер со цел испумпување на пари на сметка на фирми блиски до СДСМ за финансирање на кампањата!?

До нас пристигнаа сериозни непотврдени информации дека се врши притисок врз членовите на Државната комисија за жалби по јавните набавки за отфрлање на жалбата на тендерот со цел да се обезбедат црни пари за кампања на СДСМ.

Апелираме до Државната комисија за жалби по јавните набавки и АД ЕЛЕМ да не си играат со законите и за партиски цели да прават кривично дело. Одговорност за секој криминал ќе има.

Изјава за медиуми на Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ