Loading Video...
Тенис
9. January 2018 - 18:35

Томислав Јотовски со победа ја отвори 2018 година

 
 Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски со победа ја започна новата сезона во 2018 година.
На ИТФ фјучерсот во Хамамет, Тунис, што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари, Јотовски во 1.коло го совлада домашниот тенисер Азис Уака. 
 
Во меч кој стаеше 1 час и 40 минути, а во кој беа одиграни два сета Јотовски на противникот му препушти осум гема, односно двата сета ги доби со идентичен резултат 6-4. 
 
Во второ коло, Томислав Јотовски повторно за противник ќе има Тунижанец и тоа Мохамед Али Белалуна кој во три сета го совлада Србинот, Милош Николиќ. 
 
А, токму Николиќ е партнерот на нашиот Јотовски во игра во двојки, во која заедно за прв предизвик ќе ги имаат Шпанците, Луке и Варона.