Џет-Сет
13. January 2018 - 19:07

Том Круз „го блокираше“ центарот на Лондон

Дел од центарот на Лондон денеска беше блокиран, што предизвика застој во сообраќајот, поради снимањето на новото продолжение од филмскиот серијал „Невозможна мисија“, каде главната улога ја толкува холивудскиот актер Том Круз.

За потребите на филмот Круз трчаше преку врвот на железничкиот мост „Блекфрајерс“ над Темза.

Кадрите беа снимани од хеликотери во низок лет, а за време на снимањето беше забранет пристапот до мостот по копнен и речен пат. Едиствено слободно беше движењето на возовите по мостот.

Круз е познат по тоа што самиот настапува во опасните сцени во филмовите и не користи дублери.