Живот
14. July 2019 - 14:39

Толпа линчуваше крадец во Филаделфија: Украл автомобил со три деца внатре, му пресудија гневни луѓе

Полицијата во Филаделфија соопшти дека човек во тој град е претепан до смрт откако се обидел да украде автомобил со три деца внатре.

Ерик Худ (54) со автомобил заминал во четвртокот вечер, додека таткото и мајката биле во продавница.

Родителите трчале по автомобилот, го извлекле крадецот надвор кога тој застанал во сообраќајната гужва.

Худ го нападнал таткото и побегнал, но набрзо го запрела маса луѓе и го претепала.

Прогласен е за мртов во болница.

„Не сум љубител на уличната правда. Мислам дека полицијата би требало да ги решава овие работи“, изјави Џејсон Смит, капетан во полиција.

Меѓутоа, иако полицијата имала видео снимка од нападот и успеала да ги идентификува луѓето, никој не е уапсен.