Токио е најдобриот град за живеење во 2020 година
Во оваа 2020 година, концептот за најдобар град за живеење е променет… Веќе не се зема предвид само забавата и културата, чистиот воздух и високата плата. Годинава, пред сѐ, најбитно беше – здравјето.
Списанието „Глобал фајненс”, традиционално, ја состави годишната листа најдобри градови за живеење во светот, врз основа на вообичаените параметри, но сега се зема предвид и бројот починати од Ковид-19 на милион жители, што се оценува со коефициент 3 заради приоритетност. Податоците се обезбедени од Универзитетот „Џон Хопкинс”.
Во таа смисла, Токио е на прво место, а европските Милано, Мадрид и Барселона се најдоа по 35. место… Скоро од првиот миг, кога вирусот излезе од границите на Кина, Јапонија ги затвори своите граници и објави дека ги одложува Олимписките игри, успевајќи истовремено и доста ефикасно да ги заштити своите граѓани, колку е тоа можно.
Следува списокот најдобри градови за живеење во 2020 година:
1. Токио, Јапонија,
2. Лондон, Велика Британија,
3. Сингапур,
4. Њујорк, САД,
5. Мелбурн, Австралија,
6. Франкфурт, Германија,
7. Париз, Франција,
8. Сеул, Јужна Кореја,
9. Берлин, Германија,
10. Сиднеј, Австралија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги