Тодоров: Во Гази Баба ќе се изградат четири нови градинки и две училишта
Носителот на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ2 , Никола Тодоров денеска во општина Гази Баба најави изградба на четири нови градинки, изградба и реконструкција на неколку училишта, како и изградба и реконструкција на 32 километри патна инфраструктра.
- Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ предвидуваме во наредниот четиригодишен период во Гази Баба да се инвестира во улици во должина од 32 километри, со посебен фокус на улиците и патиштата кои беа уништени со поплавите. Тоа е во рамки на проектот кој е предвиден во програмата за инвестиција во патна инфраструктура во вредност околу 30 милиони евра, рече Тодоров.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата За подобра Македонија“, како што додаде, е предвидена и изградба на четири нови градинки и две училишта.
- Од четирите градинки една е предвидена за Стајковци, една за Трубарево, една за Инџиково, а локацијата на четвртата ќе биде во општина Гази Баба која што ќе биде утврдена дополнително со градоначалникот, рече Тодоров.
Најави дека во нивната програмата предвидуваат изградба на училиштето „Вера Јицич“ со средства од Владата на Република Македонија, изградба на училиштето „Крсте Петков Мисирков“, како и реконструкција на поголем број училишта во општината Гази Баба.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто