Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ на 27 април загуби од 70 до 100 илјади гласови
Во гостувањето во Дневникот на Сител, Никола Тодоров изјави дека 27 април е катастрофален настан кој не смее никогаш да се повтори и дека на тој датум загубиле сите, а ВМРО ДПМНЕ загубиле од 70 до 100 илјади гласови.
- На 27 април загубивме сите. Најмногу загуби државата, граѓаните, политичките партии и демократијата, изјави Тодоров.
Тоа е еден катастрофален настан којшто не смее никогаш да се повтори од којшто како што кажав и во судот и сега ќе повторам СДСМ беа физички жртви на тоа насилство, а ВМРО-ДПМНЕ беше политичка жртва, додава Никола Тодоров.
- Јас не верувам дека било кој ниту во ВМРО, ниту од раководството на ВМРО би можел да направи толку лоша политичка процена и да организира такво нешто кое и еден обичен политички аматер кој на аматерско ниво се занимава со политика знае дека такво нешто ќе оди на сериозна штета на ВМРО-ДПМНЕ, оносно на власта, затоа што секогаш власта е таа која ќе биде обвинета за било што од такви размери.
Според Тодоров ВМРО-ДПМНЕ на 27 април загуби од 70 до 100 илјади гласови.
- По мои проценки ВМРО-ДПМНЕ таа вечер загуби од 70 до 100 илјади гласови и мислам дека немаше еден неутрален или неопределени гласачи копишто таа вечер едноставно не се згрозија од она што се случи и ради тоа не го промени своето мислење спрема ВМРО на полошо, само заради тоа што ВРМО во тој момент беше власт.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците