Македонија
15. јуни 2016 - 17:04

Тодоров: ,,Шарената револуција” е револуција на богатите против народот

Шарената револуција е револуција на богатите против народот – порача министерот за здравство и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров во синожешното издание на емисијата Јади Бурек на Сител 3 телевизија.

- Ова е револуција на богатите против народот, имаш на еден мал простор луѓе што поделиле околу 6 милиони евра за период од две години и тие протестираат и бараат некој права. И од кој ги бараат тие права и зашто ги бараат тие права е друго прашање. Но клучно прашање е како тие луѓе 50,100,200, 500 успеале да поделат 6 милиони евра со некаква си цел да срушат Влада, рече Тодоров.

Министерот додаде дека еден обичен граѓанин на Република Македонија ни за целиот живот не може да ги заработи парите кои овие платени револуционери ги инкасирале за 2 години работа на дестабилизација на земјата.

- Колку земјоделци колку време треба да работат за да земат 6 милиони евра, незнам некој се занимавал со производство на тутун, некој што работел во текстилна индустрија или доктори, адвокати, значи овде станува збор за  луѓе кој што по прилично добро заработуваат. Затоа ви велам ова личи како револуција на богатите против сопствениот народ.

Тодоров истакна дека 70% од граѓаните не се согласуваат со фарбањето на државните згради кое секојдневно го прават шарените револуцинери.

Министерот откри дека владата донела одлука да го ангажира Бирото за судски вештачења да утврди колкава штета врз државен имот направила шарената револуција, а подоцна органите на прогонот ќе утврдат на кој начин таа ќе се плати.