Македонија
25. March 2016 - 16:59

Тодоров: Реализирани голем број капитални проекти и инвестиции во здравството

Од вкупно 79 проекти за подобро здравство кое ВМРО ДПМНЕ им ги вети на граѓаните во 2014 на половина мандат реализирани се  52 проценти, а во тек се 29 проекти, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на отчетот за сработеното изминатиот период.  За него најрелевантен показател за успешноста на реформите е оценката на евроспкиот здравствен потрошувачки индекс кој ја рангира Македонија на 16 место во Европа, со напредок од 11 места за 1 година.

- Неможам а да не потенцирам дека нема здравствен систем во светот што е ослободен од проблеми и предизвици. Не постои идеално здравство. Во тој контекст, сакам да истакнам дека сум свесен и знам дека и македонскиот здравствен систем не е идеален, има проблеми и има предизвици. Никогаш и никој од ВМРО-ДПМНЕ не ветил дека ќе ги решиме сите проблеми во здравството. Но, сме ветиле дека посветено ќе работиме и дека ќе се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, особено оние кои сме ги ветиле во програмата, изјави Никола Тодоров, министер за здарвство и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Државната кардиохирургија, Пет Центарот, Детската болница Козле се дел од реазлизираните витални проекти во здравството. Темелно се реконструирани десетици болници, и набавена е апаратура во вредност од над 100 милиони евра за установи низ целата држава, наведе Тодоров и потенцираше дека Мој Термин е еден од најпознатите брендови во Македонија. Исто така во континуитет поефтинуваат лековите, а зголемена е платата на лекарите.

- Ова се дела. Ова се решени проблеми. Сите овие проблеми постоеле во македонското здравство, а денес се решени. Знам, постојат денес нови, а некои од нив како доенечката смртност бараат уште многу работа и време. Затоа, кога ќе не цените нас, кога ќе ги оценувате политичарите, оценувајте ги не врз основа на она што го зборуваат или она што го ветуваат, туку врз основа на она што го постигнале. Овој отчет и овие дела се нашата гаранција дека ќе го реализираме тоа што ќе Ви го ветиме, додаде Тодоров.

Според Тодоров, покрај во инфраструктура и опрема, паралелно се вложува и во третиот столб во здравството, а тоа е доедукација на медицинскиот персонал. Досега на обука во еминентни странски болници биле 2200 лекари и медицински сестри.