Македонија
3. јуни 2016 - 9:54

Тодоров на состанок на министрите за здравство од земјите од Централна и Источна Европа во Софија

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ќе присуствува на работниот состанок на министрите за здравство од земјите на Централна и Источна Европа, кој се одржува во Софија, Република Бугарија.

Состанокот на министрите за здравство е посветен на растечките предизвици во областа на фармацевтската политика, во насока на унапредување на пристапот до ефективен медицински третман, соопшти Министерството за здравство.

На маргините на состанокот, министерот Тодоров ќе оствари билатерални средби со повеќе министри за здравство од земји од Централна и Источна Европа, со цел размена на мислења и разгледување на можностите за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, со посебен фокус на фармацијата.