Македонија
12. December 2018 - 16:13

Тодоров и дедото на Тамара го реконструираа обидот за убиство пред Министерството за здравство

Што точно се случувало на 1 јуни лани пред министерството за здравство? Дедото на Тамара Љупчо Стојановски и екс министерот Никола Тодоров на денешната реконструкција после година и половина повторно се сретнаа на местото на злосторството. Двајцата посочија различни места каде било пукањето.

Обезбедувањето на Тодоров посочи дека дедото на Тамара испукал 2 куршуми во рок од неколку секунди.

За настанот експерти од МВР ќе прават дополнително надворешно балистичко вештачење, а ке се барат и снимки од камерата пред министерството за здравство доколку се сочувани.

Реконструкцијата пред здравство следуваше откако пред 2 недели Апелација ја укина 7,5 годишната казна на Стојановски за обид за убиство на поранешниот министер Тодоров и предметот го врати на судење од почеток. Во меѓувреме се води и судски процес за смртта на Тамара од Велес.