Македонија
4. March 2021 - 11:01

Тодоров: Додека Мицкоски е на чело на ВМРО, Заев ќе си игра мајтап со ВМРО и ќе биде на власт

Вчерашниот ден беше разочарувачки за сите нас од три причини. Прво, владата на Заев опстана. Не и беше изгласана недоверба и овој факт не може и не смее да го направи среќен било кој наш член или симпатизер без разлика дали се согласува или не со политиките на актуелното раководство. Никогаш не сум ликувал и никогаш нема да ликувам на било кој пораз на ВМРО, без разлика на тоа кој го води ВМРО и дали лично се согласувам или не со претседателот на партијата. Затоа велам, жалам што опстои владата предводена од Заев и СДСМ, напиша на својот ФБ профил поранешниот функционер во ВМРО-ДПМНЕ и исклучен од партијата, Никола Тодоров.

„Втората причина за разочараност е фактот што излезе на виделина лагата дека има ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО. Кај сите членови се подгреваше лажна надеж од страна на Мицкоски дека владата е готова, падната, и дека за неколку дена ова ќе биде реалност. За жал, Заев на еден брутален начин, политички, го тресна од земја Мицкоски по стоти пат. Јасно е, се додека Мицкоски е на чело на ВМРО, Заев ќе си игра мајтап со ВМРО и ќе биде на власт во државата. Мицкоски си оди, Заев си оди!

Третата причина за разочараност е што сопартијци, очи си вадат по социјалните мрежи, со погрдни зборови и лоши мисли. Повторно причината за длабоката поделба е Мицкоски. Мицкоски си оди, ВМРО се обединува! Само сплотени можеме да станеме модерна, европска, центар десна партија и само така ќе си ги повратиме изгубените над 150.000 гласови. Или ќе останеме робови на минатото или ќе покажеме храброст и визија за иднината.

Да живее Европска Македонија“, напиша Тодоров.

Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Вчерашниот ден беше разочарувачки за сите нас од три причини. Прво,...

Posted by Никола Тодоров on Среда, 03 март 2021