Македонија
16. December 2016 - 16:48

Тодоров до ДИК: Имате ли совест, ставате 7 невини луѓе во затвор

Јавноста вчера виде дека присутните членови на избирачкиот одбор и по идентификација и по лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот. Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради тоа и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор- Берат Усеини, Катерина Миновска, Емси Абас, Богица Василевска, Тања Ѓурчиновска, Златко Ѓоргевски и Ајсел Мемеди, кои се членови на избирачкиот одбор, заменици членови или набљудувачи.
 
Ова на прес-конференција го истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека јавноста треба да знае оти Фатиме Сулејмани не пријавила ниту дека ја изгубила личната карта, ниту дека некој и ја украл, а таа лична карта е заведена во избирачкиот список.
 
-Ова е изборниот инженеринг за кој што предупредувавме како ВМРО-ДПМНЕ . Ова е сценариото за постизборен инженеринг што треба да биде реализирано по нечија наредба. ЧЛеновите на ДИК кои излегоа надвор од своите надлежноститреба да размислат дали заради вакво сценарио се подготвени да испратат во затвор седум луѓе ? Дали членовите на ДИК сваќаат што ќе им направат на членовите на семејствата на тие седуммина, дали членовите на ДИК знаат кој ја донесе Фатиме Сулејмани во Скопје до ДИК со ново АУДИ А8, и дали знаат чие е тоа АУДИ А8? Дали знаат каде е во моментов еден од синовите на Фатиме Сулејмани? Дали знаат дека е можно некој да ја злоупотребил Фатиме Сулејмани и преку валкани игри да ја вклучи во вакви незаконски игри? За се ова постои морална и материјална и кривична одговорност. Дали сте свесни што правите? Дали имате совест? Дали ќе ви биде чиста совеста само заради потребата од изборен инженеринг да испратите во затвор седум невини луѓе. Свестете се, немојте да газите по живи луѓе?- нагласи на прес конференција Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.