Македонија
22. September 2015 - 16:59

Тодоров: Болницата во Гевгелија ќе добие мамограф

Гевгелиската болница ќе добие нов мамограф, а ќе се гради и дополнителна, хирушка сала најави министерот за здрравство Никола Тодоров кој беше во посета на гевеглискиот и дојранскиот регион. Мамографот ќе биде обезбеден со средства на министерството за здравство и болницата, додека за новата хируршка сала освен од министерството за здравство средства ќе бидат обезбедени и од општина Гевгелија.

Освен во Гевгелија подобри здравствени услуги ќе добијат и жителите на општина Дојран. Во селото Николиќ Тодоров најави решавање на еден од главните проблеми на жителите, недостатокот на лекар за кој во текот на денот ќе биде подготвен, а веќе од утре и објавен оглас.