Балкан
2. November 2017 - 22:35

Тодориќ: Не се кријам, мојата совест е чиста

Сопственикот на „Агрокор“ Ивица Тодориќ се огласи на неговиот блок, наведувајќи дека не се крие од хрватските власти. 

- Не се кријам, мојата совест е чиста, но како човек, на кој длабоко му се повредени човековите права имам целосно право на спротивставување на политички прогон и неприфаќање однапред конструирана вина, пишува Тодориќ.

Тој нагласи, дека неговите адвокати се во постојан контакт со властите и надлежните институции, на кои им е позната адресата каде што тој се наоѓа. 

Тодориќ беше ставен на Европската листа на најбарани лица и е повикан в петок да се појави како сведок пред парламентарната Комисија за истрага во случајот „Агрокор“, но тој не го добил повикот.