Џет-Сет
28. July 2017 - 11:13

Тоа се тие „карпи“: Оваа фотографија стана хит на Твитер токму поради тоа

Стара заедничка фотографија на Кид Рок, Крис Рок и Двејн Џонсон „Д Рок“ (Карпата) стана хит на Твитер, откако некој претходно на Редит го пронашол овој интересен „спој на трите карпи“.

Она што го привлече вниманието на сеирџиите на Твитер се и гримасите на тројцата ѕвезди, по што шегите на нивна сметка не секнуваат.

Некои се осврнаа и на тоа што раперот Роберт Ричи, попознат како поранешен сопруг на Памела Андерсон, се уште го викаат „Кид“ (детето), иако тој веќе има 46 години.