Балкан
9. May 2018 - 13:46

Тоа го можат само Балканци: Среде парк во Берлин вртеле јагниња на ражен, фрапираните граѓани им повикале полиција и пожарна

Посетителите на берлинскиот парк Фридрихштајн повикале полиција и пожарникари поради група мажи од БиХ кои за Ѓурѓоведен печеле јагниња на ражен.

Како што се наведува „веселата дружина“ на импровизирани ражени вртела 12 јагниња.

„Имаа и акумулатори, јагленот беше расфрлан по земја, а кога ги прашавме зошто тоа го правата, рекоа дека го слават Велигден како и секоја година“, објави берлинската полиција на својата Фејсбук страница и потврди дека се работи за група мажи од БиХ.

Тие морале да ги размонтираат импровизираните ражни и добиле предупредување од пожарникарите.

Како што се наведува, полицијата не пријавиле никакви инциденти, а групата покажала „добра соработка“.