Свет
23. јуни 2017 - 14:48

Тоа е почитување: Путин со овој гест го воодушеви светот

Рускиот претседател Владимир Путин им оддаде чест на жртвите во Втората светска војна додека костумот ми беше цел воден.

Vladimir Putin

Фотографијата од Владимир Путин како положува венец на споменикот на Незнајниот јунак во Москва додека лие дожд го освои светот. Путин мирно стои пред споменикот додека дожд му се слеваше низ лицето, а скапоцениот костум му беше целиот наводенет.
 
Vladimir Putin
 

Церемонијата за од бележување на Денот на сеќавање и тага, со кој се одбележува почетокот на Големата војна против нацистите, почна на суво време, но кога Путин му пријде на споменикот, одеднаш почна да врне силен дожд. И додека многумина веднаш извадија чадори, самиот Путин и одредени високорангирани службеници стоеја на дождот без заштита.

Кога се сврте, Путин мирно чекораше без да го допира лицето, а дури кога го допре чадорот со другата рака премина преку очите за да ги избриѓе капките.

Овој потег на Путин го поздравија многумина на социјалните мрежи, говорејќи дека рускиот претседател на овој начин им оддал почит на војниците кои паднале во борба.

Инаку, на 22 јуни нацистичка Германија тргна во ненајавен напад на Советскиот сојуз, иницирајќи крвава четиригодишна војна во која загинаа 26 милиони советски граѓани.