Македонија
21. April 2016 - 16:59

ТНТ нов предмет на СЈО за случајот Космос - Градоначалникот тврди дека целата постапка е законска

Специјалното јавно обвинителство отвори нов случај под иметот ТНТ. Тврдат дека објектот Космос на Фиат Цановски во 2011-та бил срушен противзаконски со цел политичка одмазда со неистомисленици.

Со злоупотреба на службената положба на неколку лица од општина Гази Баба, на Цановски му била нанесена имотна штета од 14 милиони евра.

Според градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, при уривањето на Космос биле запазени сите законски процедури.

Целата документација со која засполага општината докажува дека инвеститорот Цановски за цело време знаел дека гради спортивно на одобрението за градба и Деталниот урбанистички план.

За градоначалникот Трајковски е нејасно зошто при истрагата Специјалното јавно обвинителство не ги земало во предвид сите овие документи кои општината им ги предала пред неколку месеци.

Градоначалникот Трајковски потенцираше дека Деталниот урбанистички план не е променет. Инвеститорот Цановски сеуште има важечка дозвола за градба која може да ја продолжи доколку го има спроведено решението за отстранување.