Џет-Сет
7. October 2019 - 0:32

ТЛЗП: Жељко Шашиќ како Шабан Шаулиќ го освои срцето на публиката


Петтата, јубилејна сезона од шоуто „Твоето лице звучи познато“ ни ги донесе добро познатите натпреварувачи кои уште еднаш ги одмерија силите на сцена, имитирајќи други познати личности.
Во „All star" сезоната учестуваат победниците од првата и третата сезона, Ана Кокиќ и Даниел Кајмаковски, потоа Кнез и Ивана Петерс, Едита Арадиновиќ, Катарина Богиќевиќ и Алекса Јелиќ, како и Кеба, Ненад Пагонис и Жељко Шашиќ. Иако настапуваат посебно, поделени се во тимови според сезоните во кои заедно учествувале, па во првиот тим се Ана и Алекса, вториот Катарина и Кеба, третиот Ивана и Даниел, четвртиот Едита и Ненад, а петиот наречен „миленици на продукцијата“ го сочинуваат Кнез и Жељко.
Победник во првата епизода е Жељко Шашиќ со извонредната имитација на Шабан Шаулиќ, кој и екипно победи со Кнез кој според гласовите беше втор.
Наградата од 1000 евра ќе ја донираат на Центарот за кардиологија на Клиничко-болничкиот центар Земун.
Во улога на водителка повторно беше Марија Килибарда, а во постојаното жири овој пат се Дубравка Мијатовиќ, Урош Ѓуриќ, Душан Алагиќ и гостинката Гоца Тржан.
Прва настапи Ана Кокиќ како Пинк, Кеба беше извонреден имитирајќи за својата снаа Северина со песните „Гас, гас“ и „Тридесете“ и самиот себе се нарече „Кеберина“. Љуљајќи се и изведувајќи спектакл како Севе, тој падна и се повреди на сцената.
Ивана Петерс и Ненад Пагонис беа одлични како Лејди Гага и Бредли Купер и ја испеаја преубавата "Shallow", и ја пренесоа онаа извонредна хемија кој постои меѓу пејачката и актерот.
Едита ги изведе песните "Fuego" и "Dancing" на грчката пејачка Елени Фуреира.
Кнез и Алекса двајцата на штикли избедоа дует како Зорица Брунцлик и Весна Змијанац.
Даниел Кајмакоски ја испеа песната од филмот „Најголемиот шоумен“ на Хју Џекмен, а Шашиќ ја испеа култната песна на Шаулиќ „Верујум у љубав“.
Последна настапи Катарина Богичевиќ како Мадона со танчери и жешка кореаграфија за хитот "Express yourself".
Во наредната епизода Ана ќе биде Буба Корели, Даниел Тејлор Свифт, Кеба – Здравко Чолиќ, Катарија Жељко Бебек, Пагонис Џамирокваи, Алекса ќе биде Брендон Кури, Едита Халси, Ивана како Халид Бешлиќ, Кнез како Џејсон Деруло, а победникот Жељко Шашиќ ќе ја имитира Маја Беровиќ.