Тлото во регионот продолжува да се тресе, силен земјотрес ги вознемири балканските земји | Сител Телевизија
Балкан
4. January 2018 - 12:22

Тлото во регионот продолжува да се тресе, силен земјотрес ги вознемири балканските земји

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтерова скала ја погоди Црна Гора, јавуваат подгоричките медиуми. Потресот се почувствувал и во Србија.

Земјотресот се случил во 11.46 часот во епицентар во близина на Плав, објавено е на сајтот на Сеизмолошкиот завод на Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, пренесе РТЦГ.

Медиумите јавија дека земјотресот предизвикала паника во Плав, Гусиње, Андријевци, Беране, Подгорица и во другите градови.

Силниот потрес се почувствува и во југозападна Србија.