Свет
22. July 2017 - 10:54

Tлото суште силно се тресе - Потресите по земјотресот од 6,7 не запреа -

 
По земјотресот кој вчера наутро го стресе Егејското Море, со јачина од 6,7 степени по Рихтер, многу афтершокови има и денеска. 
 
И вчера во текот на целиот ден тлото во Турција и Грција се тресеше, и тоа со посилни афтершокови од 3 и 4 степени па и повеќе.
 
И денеска тлото се тресе во Измир, во Атина, како и на други места во Грција и Турција со јачина од 2,3 и 4 степени по Рихтер.
 
Инаку, по потресот имаше и мало цунами во Бодрум, а во земјотресот беа повредени 120 лица, а за жал двајца туристи врз кои се струполија камења починаа.