Живот
26. October 2018 - 9:34

Титаник се крева од мртвите: Направија ист брод како потонатиот и ќе плови по истата смртоносна траса

Прекуокеанскиот брод со дотогаш невидена големина, долг 269 метри, широк 28 метри и тежок 46.000 тони, на почетокот на 20 кога е направен, се сметал за брод со најнапредна технологија, непотоплив и најсигурен. За жал на 14 април 1912 година не се покажа токму таков.

Титаник на своето прво прекуокеанско патување тргна од британското пристаниште Саутхемптон. А она што требаше да биде едно од многуте патувања на ова „технолошко чудо“ заврши трагично.
 

Само два часа откако брод удрил во санта мраз, целосно потонак и во морската длабочина повлекол повеќе од 1500 негови патници. Преживеаја само 700.

Бродот реплика на Титаник ќе може да прими 2.400 патници и 900 членови на екипажот, а по својата грандиозност и луксуз целосно ќе изгледа како својот претходник. Титаник II како што го нарекоа, ќе исплови 2022 година, но цената на картите се уште не е објавена.

Во изградбата на бродот се потрошени 500 милиони долари. Ентериерот на Титаник II целосно одговара на својот претходник од уредувањето до грандиозноста по која беше познат првиот Титаник.

Уметнички дела, мебел, скапоцени додатоци, сето тоа целосно е исто. Ќе има и одаи од прва класа со соба за пушење и целосна реплика на славните, грандиозни скалила.

Ќе има и голема трпезарија за прва класа, кабини за втора и трпезарија за трета класа. Патниците ќе може да се опуштат во базен и турска бања, пишува Травел Пулс.

На безбедноста не се штеди и за разлика од својот претходник, овој брод ќе има доволен број чамци за спасување.

Овој проект во 2012 година го најави компанијата Блу Стар Лајн. Поради големите финансиски трошоци и оптоварување, тргнувањето повеќе пати е одложувано. Но овој пат 2022 година испловувањето е сигурно.

Бродот ќе исплови од Дубаи и ќе патува кон Саутхемптон, во Англина. Потоа ќе тргне на пат кон Њујорк, по истата рута како и бродот кој потона во 1912 година. Ќе му требаат шест до осум дена да го преплови океанот.

„Бродот ќе плови по истата рута како и претходникот, од Саутхемптон до Њујорк, но после тоа ќе плови и по светските мориња и ќе развеселува луѓе ширум планетата, привлекувајќи внимание со мистерии и интриги во секое пристаниште каде ќе пристигне“, рече сопственикот на компанијата Клајв Палмер.