Македонија
8. May 2018 - 17:59

„Титаник 3“ се одложи - продолжи судењето за „Тенк“

Екс премиерот Никола Груевски одби да даде усмена одбрана на денешното рочиште за случајот Тенк.. Тој пред судот рече дека од сите презентирани докази се покажало дека тој не го сторил кривичното дело за кое е обвинет.. Според Груевски, набавката на блиндираниот мерцедес  се одвивала согласно законите па очекува ослободителна пресуда..

Денешното рочиште мина во неколкучасовно докажување на одбраната и обвинителство по барањето за изземање на специјалните обвинители Стефчо Донев и Ленче Ристоска, како и првиот човек на СЈО, Катица Јанева.. Според адвокатите, не постоела правна основа на тврдењето дека не не е дозволено изземање  на специјалниот јавен обвинител.

Тие тврдат дека Законот за кривична постапка по кој се води целиот случај предвидува за изземање да одлучува Советот на јавни обвинители.. Од СЈО пак велат дека за нивната работа е постигнат политички договор па како единствен овластен тужител не постојат пречки за водење на постапката..

Судењето за случајот ТЕНК продолжува идната недела за кога се закажани и завршни зборови..