Бизнис
22. November 2016 - 8:47

ТИРЗ ќе потпише договор со Светската организација на слободни зони

Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони денеска во Скопје ќе потпише меморандум за соработка со Светската организација на слободни зони. 

Договорот ќе биде можност за проширување на мрежата на контакти со потенцијални инвеститори од светот, како и за продлабочување на соработката со останатите слободни зони и размена на искуства за привлекување на нови инвеститори.

Од Дирекцијата на ТИРЗ истакнуваат дека договорот е во насока на поефикасно работење на зоните и подобрување на условите за работа.