Балкан
7. March 2017 - 9:02

Тирана: До крајот на годинава ќе го уништиме феноменот со канабисот

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири на средба со првиот човек на италијанската специјална полиција, Џорџо Тоски во Тирана, изјави дека до крајот на годината во Албанија „ќе биде уништен феноменот со канабисот“.

- Еднаш засекогаш, годинава ќе ставиме крај на одлегувањето на канабисот. Оваа е единствена Влада која се бори против овој феномен. Одлучни сме да градиме држава и да се бориме против факторите кои го потикнуваат производството на дрога, против сиромаштијата. Така ќе се бориме за подобра иднина, за иднината на Албанија во ЕУ, изјви Тахири на средбата, на која присуствуваше и генералниот директор на албанската полиција, Хаки Чако.

Од своја страна, како што јави дописникот на МИА, високиот италијански полициски функционер соопшти дека италијанската полиција на располагање на Албанија и ја ставила целата поморска и воздухопловна флота за неопходните контроли.

- Тука сме за да го презентираме големиот проблем што го имаме со дрогата. Оваа соработка е историска, бидејќи таа трае со години меѓу двете земји, но последните години таа соработка е многу зајакната. На располагање ја ставивме целокупната поморска и воздухопловна  флота за потребната котрола, изјави Тоски.

На средбата е договорено во котролата за откривање парцели со канабис, италијанските полициски хеликоптери да се вклучат порано од претходните години, бидејќи и албанската полиција акцијата ја почна порано и таа е во тек.

Инаку, само од почеток од годинава италијанската полиција заплени над 20 тони албанска марихуана.