Loading Video...
Тенис
3. July 2021 - 16:29

Тинејџерките Радокану и Гаф продолжуваат со одличните настапи на Вимблдон

Дождот е причината поради која на Вимблдон денешната програма имаше неоколку часовен прекин. Од досега завршените натпревари од 4-тата рунда, кај дамите ги бележиме новите победи на тинејџерките од Британија и САД 
 
Домашната миленичка со романско-кинеско потекло, Ема Радокану, која на главниот турнир на Вимблдон стигна преку квалификациите, не престанува со одличните настапи.
 
18 годишната тенисерка славфеше победа во два сета против Романката Кристеа со што се пласира во осминафиналето во кое за противничка ќе ја има Аља Томјановиќ од Австралија која во три сета беше подобра од Летонката, Остапенко. 
 
Пласман во осминафиналето обезбеди и 17-годишната Американкал, Коко Гаф која на двапати со 6-3 го доби мечот со Словенката, Јуван, па за место во четвртфиналето ќе се бори со двојно постарата Германка, Кербер која одигра три сета против Белорусинката, Саснович.