Здравје
14. April 2016 - 11:40

Тинејџерката Мануела Пандева пронајдена жива и здрава

Потрагата по Пандева Мануела од Пиперево заврши успешно – 17-годишната девојка е пронајдена вчеравечер кај Демир Капија, каде барала превоз до Валандово.
 
Меѓутоа застанал возач кој ja познал девојката што се бара од страна на полицијата. Совесниот возач ја вратил лично до Струмица и сега Мануела поради истоштеност се наоѓа во струмичката болница.
 
Информации се потврдени и од семејството Пандеви.