Свет
26. January 2017 - 13:54

Тинејџерка симпатизерка на ИД осудена на шест години затвор во Германија

Симпатизерка на терористичката организација Исламска држава денеска е осудена на шестгодишна затворска казна бидејќи во февруари минатата година на главната железничка станица во Хановер со кујнски нож нападнала и повредила полицаец.
 
Како што јави дописникот на МИА од Берлин и покрај тоа што таа со своите 16 години се води како малолетна в затвор ќе мора да помине шест години. Според обвинителството Сафија С. нападот го извршила по нарачка на членови на Исламската држава.
 
Сафија С. која што има двојно германско и мароканско државјанство пред нападот патувала во Турција од каде што сакала да замине во Сирија. но во тоа ја спречила нејзината мајка која што ја вратила во Германија. Сепак за време на престојот во Турција тинејџерката стапила во контакт со членови на ИД кои и наложиле да нападне полицаец во Германија за да стане „маченик на исламот“.