Свет
2. October 2018 - 13:12

Тинејџерка под урнатините лежела три дена покрај мртвата мајка: Спасувачите изненадени, ова девојче (15) преживеа и земјотрес и цунами

Спасувачките екипи на островот Сулавеси успеаја да извлечат тинејџерка која три дена поминала во рушевини покрај телото на својата настрадана мајка.

Нурил Истикхарах (15) останала затрупана кога земјотресот со јачини од 7,5 степени по Рихтер во петокот ја погоди Индонезија, по што следел бран со висина од шест метри кој го погодил градот Палу.

Плимски бран

Драматичните фотографии од спасувањето на Нурул Истикхарах покажуваат со какви проблеми се среќаваат спасувачките служби. Имено, освен што мора да отстрануваат големи количества бетон и друг материјал за да допрат до затрупаните, мора и да испумпуваат вода која ја носи плимскиот бран.

Страотни бројки

1.203 лица загинаа во потрес и цунами

190 илјади луѓе чекаат помошж

46 илјади дец се загрозени

14 илјади постари се загрозени

Плашејќи се да не се удави девојчето, спасителите прво морале да испумпуваат вода. Поголем дел од работата ја направиле со голи раце.

Надлежните тврдат дека се помалку време и надеж има под рушевините да најдат преживеани, поради што секој момент е драгоцен. Под неколкуте слоеви бетон уште вчера можеа да се слушнат некои од затрупаните гости во хотелот во градот Палу. Се верува дека под урнатините има над 60 лица.

Масовни гробници

Волонтерите почнаа да ги погребуваат жртвите од потресот во масовни гробници за да се спречи избивање на зарази. Телата на настраданите два дена беа на отворени во вреќи за да можат семејствата да ги идентификуваат, но поради распаѓањето на телата одлучено е тие да се погребуваат во масовни гробници. Надлежните се уверени дека бројот на жртвите и натаму ќе расте и дека конечниот број на настрадани може да биде неколку илјади.

-Даваме се од себе. Времето е најважно, тешката машинерија е на пат - рече Мухамед Сјауги, шеф на националниот спасувачки тим.

Меѓународна помош

Претседателот на Индонезија Џоко Видодо даде овластување земјата да прифати меѓународна помоп, а најпотребна е храна, вода и облека.

-Ќе испратиме денеска колку што може залихи на храна со авионите „херкул“, директно од Џакарта, ги има неколку, рече претседателот Видодо.

Се стравува дека во градот Палу и околните карјбрежни села има уште десетици затрупани.