Македонија
4. March 2019 - 15:50

Тинејџерка (19) од струмичко се породила дома, бебето никаде го нема, полицијата истражува

Вчера околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко.

По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.

На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот.

Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.