Свет
24. February 2019 - 13:44

Тинејџер заработи 35 илјади долари за само четири дена

Дејвид Холстен (18) бил во посета на својата мајка во болница во Вашингтон, кога пријател му предложил во весник да објави оглас за давање услуги, односно за чистење снег.

Тинејџерот од американската сојузна држава Ајдахо заработил дури 35 илјади долари за четири дена чистејќи снег од приоди на куќи, но и на разни фирми, градинки и мотели.

Со оглед на тоа дека во Вашингтон во февруари падна најмногу снег во последните 70 години, момчето сфатило дека не е едноставно тој да се чисти со обични лопати.

Кога увидел дека одредени лица се подготвени да платат и 1.000 долари за таа услуга, тој се вратил во Ајдахо го зел багерот и плугот и ги однел во Вашингтон. Еден час чистење снег наплатувал меѓу 500 и 750 долари.