Македонија
21. September 2017 - 12:31

Тинејџер возел без дозвола и излетал од пат, едно лице повредено

Две лица, од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21:50 часот се случила на патот Битола-Прилеп.

Прилепчанецот М.М. (19) управувајќи „Мазда 626“ изгубил контрола над возилото, најверојатно поради неприлагодена брзина, и излетал од патот. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот М.Б. (18) од Прилеп кој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, додека возачот со полесни повреди бил пренесен во прилепската болница.

Неофицијално, М.М. го управувал возилото без возачка дозвола и истото било нерегистрирано.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.