Македонија
11. September 2019 - 10:53

Тинејџер тешко повреден во сообраќајка со мопед во кочанско Прибачево

Вчера во 14.26 часот на ул.„Маршал Тито“ во кочанското село Прибачево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.А.(34) од Кочани и мопед управуван од В.С.(19) од с.Прибачево, и двете со кочански регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.