Македонија
22. March 2019 - 11:05

Тинејџер со „Голф“ удрил велосипедист во Прилеп

Околу 11.30 часот вчера било пријавено дека на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во Прилеп, патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Р.Д. од Прилеп, удрило во 11-годишен  велосипедист од Прилеп.

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.