-->
-->
Тинејџер продавал ураниум на интернет
-->
Шеснаесетгодишно момче од Јапонија е обвинето за рафинирање радиоактивен ураниум, соопштија јапонските власти. Тој тие материи, како и експлозиви, ги продавал на интернет.
Обвинението гласи – незаконско производство на еритирол тетранитрат, супстанција со која се изработуваат експлозиви. Момчето е уапсено во Токио заедно со уште неколку лица кои купиле ураниум од него.
Според истрагата, момчето го добило радиоактивниот материјал при обработката на ураниумова руда. Истражителите, исто така, сметаат дека тинејџерот ученик не е терорист, туку попрво вљубеник во хемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО