Свет
24. September 2018 - 15:24

Тинејџер преживеал 49 дена на отворено море, 125 километри оддалечен од брегот

Адиланг бил вработен како чувар на дрвен сплав со колиба, кој се користи за рибарење.
Тинејџер од Индонезија преживеал околу седум недели пловејќи на робарски чамец кој се откачил од пристаништето.
 
Родителите на 19 годишниот Алди Новел Адиланг и Конзулатот на Индонезија во Јапонија соопштиле дека момчето е спасено од панамски брод во близина на Гуам на 31 август, а вратен бил во Индонезија на почетокот на овој месец.
 
Адиланг бил вработен како чувар на дрвен сплав со колиба, кој се користи за рибарење. Водата го однела 125 километри од брегот.
 
Таткото на момчето изјавил дека семејството е пресреќно дека тој се вратил, но во исто време и гневно на работодавачот.
 
Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерот преживеал ловејќи риба која ја печел на оган од дрвата на пловилото и пиејќи морска вода.
 
Риба ловел секое утро, а попладне читал Библија која ја носел со себе. Се наведува дека оволу неговиот чамец еден ден почнала да кружи ајкула.
 
-Можев само да се молам ајкулата да си оди, изјавил Адиланг.