Македонија
17. November 2015 - 13:46

Тинејџер прегази 11-годишно девојче во Тетово

Вчера околу 13 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „Голф“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 19-годишниот гостиварец А.Х. и 11-годишно девојче ( пешак ) од Тетово.

Од ударот девојчето се здобило со телесни повреди.

А.Х. лично ја пренел во тетовската клиничка болница каде и била укажана помош по што е пуштено на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата.