Македонија
10. July 2015 - 18:46

Тинејџер почина додека се разладувал во езерото - Еве што се случило!

Тинејџер од САД почина откако амеба му го изеде мозокот.

Амебата влегла во мозокот на 14-годишниот Хантер, преку носот, додека тој се капел во езерото Миневаски.

Хантер си заминал дома, како што кажуваат видно нерасположен, а истата вечер паднал во кома и починал.

Потврдено е дека смрта настанала поради инфекција на мозокот која ја предизвика амебата „Naegleria fowleri", која живее во топли и слатки води.

Амебата предизвикува главоболка, мачнина, нагон за повраќање и укоченост, а во голем процент од случаите е смртоносна.