Живот
16. May 2016 - 9:25

Тинејџер одби понуда од 30 милиони долари за неговата генијална идеја

Американскиот тинјеџер Тејлор Розентал доби понуда од 30 милиони долари за откуп на патентот за неговата генијална иновација, но сепак реши да ги одбие парите и да ја задржи идејата за себе.

Имено, додека 14-годишниот Розентал бил на бејзбол натпревар видел едно повредено дете и сакал да му помогне, но не знаел каде се наоѓа најблиската кутија за прва помош. Тогаш му дошла идеја дека на стадионите и на други јавни места би можеле да бидат поставени автомати во кои би се продавале сетови за прва помош.

Розентал досега од инвеститори прибрал околу 100.000 долари со кои би требало да почне со производство на автоматите, кои е предвидено да се продаваат по цена од 5.500 долари.

Иако, производството на автоматите не е почнато, еден забавен парк веќе нарача сто апарати, а со договорот е предвидено Розентал да заработува дополнителни приходи од продажба на огласен простор на нив.

По успехот на идејата, една фармацевтска компанија на Розентал му понуди 30 милиони долари за откуп на патентот за автоматите, но тинејџерот-претприемач ја одби понудата.