Македонија
4. јуни 2018 - 11:55

Тинејџер од Скопје го нападнало куче, тешко се повредил при пад од велосипед

Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Г. (18) пријавил дека на на 1 јуни годинава во 20.00 часот на ул. „Палмиро Тољати“ управувал велосипед и паднал на коловоз кога бил нападнат од куче-скитник. 

Потоа, со друго возило, тој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.