-->
-->
Тинејџер од Индија за малку ќе бил жив закопан
-->
Кумар Маревад (17) од Индија заврши во болница на респираторни апарати, по каснување од куче скитник, по што се здоби со тешка инфекција.
Состојбата постојано му се влошувала, па лекарите го исклучиле од апаратите и им ја соопштиле тажната вест на членовите на семејството.
- Докторите ни кажаа дека не може да преживее ако не е на апарати, па почнавме да го подготвуваме погребот, изјави еден од роднинте на Кумар за „Тајмс оф Индиа“.
Тие го однеле телото кон гробиштата, но тинејџерот одеднаш почнал да се движи и ги отворил очите. Бргу го вратиле во болница и одново го приклучиле на апарати. Неговата здравствена состојба е се уште критична.
Лекарите сметаат дека тој претходно изгледал мртов поради седативите, кои го парализирале неговото тело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората