Македонија
16. јуни 2019 - 12:16

Тинејџер (19) прегазил двајца пешаци на раскрсница во Скопје

Синоќа во 22.55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“ во Скопје, патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Скопје, удрило во пешаците А.Ш.(44) и Х.Ш.(18), двајцата од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.Ш., додека со телесни повреди се здобила Х.Ш..

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс Клиники „Мајка Тереза“- Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.