Македонија
15. August 2018 - 14:14

Тинејџер (18) се обидел да силува врсничка од гостиварско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р. (18) од село Скудриње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

На 12.овој месец година околу 17.00 часот пријавениот се обидел да силува 18-годишна девојка од едно гостиварско село.