Ракомет
25. April 2019 - 15:05

Тимур Дибиров на Инстаграм: Последен натпревар, фала за се Македонија и Македонци!

Еден од играчите со најдолг стаж во овој состав на Вардар е левото крило Тимур Дибиров, со кој практично и започна проектот на Самсоненко.

Тој е најблиску до трансфер во белорускиот првак Брест Мешков, а на социјалните мрежи го најави последниот дуел на домашен терен во ЛШ против ПИК Сегед.

Во пресрет на последниот натпревар на овој Вардар во Скопје, Тимур Дибиров на Инстаграм сподели слика од славјето во Скопје по повод европската шампионска титула и напиша „Македонија и Македонци, фала ви за се“.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on