Македонија
8. August 2016 - 19:28

Тимови од институциите на терен, за активна помош во споравување со штетите

Координаторите за кризните подрачја кои ги постави владата преку целиот дел на терен. Вицепремиерот Владимир Пешевски, Министерот за Труд и Социјала Диме Спасов, Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и Министерот за Внатрешни Работи Митко Чавков на терен со граѓаните ги согледуваа штетите и ги координира неопходните активности на институциите.

Пешевски беше во обиколка на Ченто, Сингелиќ, Камник и Економија. Тој согледа една исклучително комплицирана ситуација на попуштен потпорен ѕид кој може да создаде свлечиште кое би однело 3 куќи. Иако решавањето на овој проблем ќе биде исклучително тешко, Пешевски посочи дека владата ќе ангажира експерти од градежниот факултет.

На терен во околината на Инџиковцо беше и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Министерот за внатрешни работи ги посети погодените подрачја околу Црешево.

Селото Стајковци беше најпогодено од невремето, таму од рано утринава активностите ги координираше министерто за труд и социјала Диме Спасов.

Сите се согласни дека во моментов е најважно да се обезбеди храна и вода за населението, да се испумпа водата од поплавените домови и да се расчисти теренот. Во активностите учествуваат центарот за управување со кризи, полицијата, војската, локалната самоуправа и останатите државни институции.