Тимови на Црвениот крст од утре ќе патролираат низ централното градско подрачје
Од утре по два мобилни тима на Црвениот крст на Град Скопје во периодот од 11:00 до 16:00 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотнитиот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош.
– Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Град Скопје подготви акциски план кој опфаќа теренски активности во насока на справување со евентуални топлински бранови. Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштениет на Црвен крст на град Скопје.
Оттаму информираат дека за активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои четири ќе патролираат низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.
– Тимот за спасување на планина при Црвен крст на Град Скопје како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и пожарите. Волонтерите од тимот, преку пропагандниот материјал ќе влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели и ќе бидат активни во давање на совети како да се заштитат од топлотнитиот бран и да им укажат прва помош доколку е потребно, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово